• Tue. Nov 26th, 2024

Марјан Даскаловски по трет пат избран за претседател на Советот на О.Струмица

ByВане Трајков

Oct 24, 2017

Марјан Даскаловски повторно  е избран за претседател на Советот на општина Струмица. За него гласаа неговите колеги – советниците од владеачката коалиција на СДСМ, додека советниците од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ го предложија Александар Донев. Ова е третпат како Даскаловски седнува на фотелјата прв човек на Советот на општина Струмица

,,Ми преставува голема чест но и голема одговорност што по трет пат ја добивам довербата за фунцкијата Претседател. Во наредниот четиригодишен перииод ние советници заедно со градоначалникот на Струмица да ги реализираме сите проекти што ги ветивме за време на изборите. Се надевам дека со новиот градоначалник Коста Јаневски ке имаме одлична соработка како што имав и со претходниот Зоран Заев и заедно со советниците и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ ке ги гласеме едногласно одлуки кои ќе бидат за добро на граѓаните,, рече Даскаловски  кој  верува дека новиот состав пред се советниците од опозицијата ќе бидат конструктивен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *