Europe House Струмица заедно со Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица со задоволство ја најавува мартовската читателска дружба.
Темата за претстојниот Book club е „Пиреј“ – роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски, првобитно издаден во 1980 година. За кратко време, тој станал еден од најчитаните македонски романи во поновата македонска книжевност и ужива статус на култен македонски роман.
Оваа дружба ќе се одржи во топлата и пријатна атмосфера на затворената тераса на кафе бар Генерација – Струмица.
Модератори на читателското патување се младата писателка Рената Атанасова, м-р Аница Глигорова Милева библиотекар советник и Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар.