• Mon. Nov 25th, 2024

Македонски и бугарски волонтери од 26 погранични општини ќе ги штитат шумите од пожари

Македонски и бугарски волонтери од 26 погранични општини ќе ги штитат шумите од пожари

Волонтерски тимови од 26 погранични општини од Македонија и Бугарија ќе бидат обучени и опремени за борба против шумските пожари, како дел од прекуграничната програма „Интеррег“.

„Прекугранична соработка во борбата против шумските пожари“ е името на проектот што го претставија двете партнерски организации – бугарската Заедница на југозападните општини и македонскиот Центар за развој на Југоисточниот регион. Целта е формирање волонтерски тимови во 26 погранични општини и создавање мрежа за одговор на пожари и други итни случаи.

До крајот на годината ќе започне теоретската обука на волонтерите, а потоа и нивната теренска обука од страна на вработените во противпожарните бригади.

Најголем дел од средствата од проектот, речиси 400 илјади евра, ќе бидат искористени за опремување на волонтерските тимови за борба против шумските пожари, а со парите ќе бидат купени пумпи, црева, како и моторни пили и комплети за лична заштитна опрема, објави Бугарското национално радио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *