Македонските патарини инкасирале над 53 милиони евра лани сума поголема за 6,6 милиони евра повеќе од 2021 година, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА.
Според податоците на државното претпријатие најпрофитабилна била патарината кај Романовце која остварила промет од над 6,5 милиони евра, а потоа патарината кај Миладиновци со над 4,3 милиони евра и Глумово која инкасирала близу 4.2 милиони евра.
Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата е во пораст и надминува една третина од наплата, онаму каде има можност да се наплатува електронски. Граѓаните и натаму најчесто патарините ги плаќаат во готовина, која опфаќа над 55% од плаќањата.