Македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство што ќе се одржи ова година во четири држави ќе игра во Словенија. Противници на ,,спартанците,, кои се проедводени од струмички деца, се домаќинот Словенија но и селекциите на Русија, Турција, Финска и Белорусија. Ова е исходот од ждрепката во Брисел каде за првпат меѓу најдобрите 24 одбојкарски селекции се најде и Македонија
Европското првенство ќе се одржи од 13 до 29 септември во Љубљана каде македонската репрезентација составена претежно од струмичани ќе ја има групната фаза
Еве ги групите со останатите селекции…
ГРУПА А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија
ГРУПА Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија
ГРУПА Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, МАКЕДОНИЈА, Белорусија
ГРУПА Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора