• Sat. Nov 23rd, 2024

Македонските затвори без елементарни услови

Веројатноста за нечовечко и понижувачко однесување кон притворените лица, бегалците и мигрантите во полициските станици е се уште висока, предупредува Народен правобранител.

 

При посетите, од институцијата повторно начекале лоша инфраструктура, недоволна информираност на полицајците и слабо познавање за ризиците на лицата од ранливи категории. Но, загрижува и фактот што, и покрај препораките, и затворите се уште не ги исполнуваат минималните стандарди.

Она пак што најмногу загрижува е односот кон малолетните мигранти, кои најчесто се жртви на трговија со луѓе, но и најразлични манипулации.

Од Народен правобранител укажуваат дека во земјава постојано се кршат основните човекови права, а нивните препораки во практика не се спроведуваат. Спасот го гледаат во јавната критика, слухот кај институциите и меѓународните организации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *