Македонскиот војник од Африка има нигериски сој на коронавирусот.
Македонскиот армиски офицер кој вчера преку медицинска евакуација беше донесен од Централноафриканската Република и е сместен на Инфективната клиника во Скопје, има нигерски сој на коронавирусот.
Ова го покажале анализите од брисевите земени од потполковникот со што се докажало дека кај него не е регистрирана јужноафриканската мутација. Нигерската е слична на британската која веќе е доминантно присутна во земјава.
Вчера рано утрото нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Министерката Радмила Шекеринска рече дека добро го поднел летот и сместен е на Инфективната клиника.