Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европско првенство.
Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0).
Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.
На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија.
Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа); Селектор: Астрит Мерко
Извор: ФФМ