• Mon. Nov 25th, 2024

Он потврди-Македонката Анита Андреевска-Митровска загина во терористички напад во Брегот на Слоновата коска

Канцеларијата на ОН за волонтери во Брегот на Слоновата коска, информираше дека македонската волонтерка Анита Андреевска-Митровска е една од жртвите во терористичкиот напад во туристичкиот град Гранд Басам, што се случи во неделата на 13 март.

Во дописот на ОН се наведува дека Андреевска-Митровска својата мисија ја почнала во декември 2015, а претходно работела во мисија на ОН во Авганистан, во 2002 година.

Веста за трагичното загинување на македонската Анита ја потврдија и од Министерството за надворешни работи.

Во терористичкиот напад, животот го загубија двајца припадници на војската и 14 цивили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *