Во земјата, во моментот, има 7.859 активни случаи на коронавирус, вклучувајќи ги 156-те во вчерашната статистика. Речиси пола од нив отпаѓаат на Скопкје – 3.691, додека трицифрен број на заболени има во уште 13 општини.
Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека опфатот со една доза на вакцина кај полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните над 18 години.
Во однос на целата популација, вакцинирани се 39 отсто од граѓаните, а две дози на вакцина примиле 37 отсто. Трета доза на вакцина досега примиле 43.376 граѓани.