Фудбалската асоцијација на Англија објави дека се продадени сите билети за натпреварот Англија – Македонија од квалификациите за ЕВРО 2024.
Ова значи дека в понеделник на легендарниот стадион „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе има 74.300 гледачи, колку што е капацитетот, и избраниците на селекторот Благоја Милевски против големиот фаворит ќе имаат и бројна публика.
Инаку синоќа фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Украина во Скопје со 3:2 иако македонскиот состав имаше водство од 2:0 по првото полувреме