Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европската златна лига кој се играше во Струмица.
Иако победата на противникот е убедлива, се чини дека тимот на селекторот Хари Наковски имаше шанси да извлече поповолен резултат.
Естонија подобро го отвори натпреварот и го доби првиот сет со 25-23. Македонија одигра доминантен втор сет со што израмнивме на 1-1.
Во следните два сета Македонија губеше клучни поени и загуби со 3:1, па поправен ќе треба да се бара против Чешка, исто така во Струмица.