• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија и Бугарија се поблиску: Можен ли е договор со техничката влада?

Македонија и Бугарија се поблиску: Можен ли е договор со техничката влада?

Најверојатно премиерот Заев во Софија ќе се сретне со колегата Јанев и со претседателот Радев, со кои, како што најави, ќе разговара детално за патоказот, за работата на мешаната комисија и за креативните решенија содржани во португалскиот предлог, пишува Слободен Печат.

– Имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот, Бугарија има техничка влада и нема парламент, но не е невозможно. Ова го кажувам за да не ги кревам очекувањата на граѓаните, но имам одговорност да кажам и дека  наша должност е да направиме сѐ, па ако е можно и да направиме и да заклучиме договор што би бил ратификуван од наша страна и од идната бугарската влада и парламент. Важно е дека бугарската страна не ги оспорува автентичноста, потврдата и постоењето на македонскиот јазик и идентитет и за таа тема не се разговара – рече вчера премиерот Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *