• Sat. Nov 23rd, 2024

Македонија го набавува единствениот достапен лек против ковид

By

Oct 21, 2021

Министерството за здравство ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против ковид-19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка, велат оттаму.

Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на Сарс Ков 2.

изјава:https://www.slobodenpecat.mk/makedonija-go-nabavuva-edinstveniot-dostapen-lek-protiv-kovid/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *