Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на седницата во „Куќата на фудбалот“ ги утврди цените на билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Албанија во рамките на квалификациите за СП Русија 2018.
Според информациите, во продажба ќе бидат пуштени влезници по цена од 200, 400 и 600 денари.
Дуелот од седмото коло во квалификациската група „Г“ се игра на 5 септември со почеток од 20 часот и 45 минути.
извор – ffm.mk