Маи Таи клубот „Комбат“ – Радовиш настапи на Меѓународниот куп „Balkan Best Fighters“, кој се одржа во Јагодина, Србија.
Македонските кик-боксери од Радовиш од овој натпревар се вратија со значајни успеси, освојувајќи го првото место – златен медал кој го освои Мите Ашкилов, а сребрен медал Борис Колев.
Останатите двајца учесници Христијан Цинцовски и Александар Јовановски, исто така имаа одлични борби, но не успееа да се закитат со медал.
Постигнувањето на златниот медал е доказ за посветеност на Ашкилов во кик боксот и за својот клуб „,Комбат“ од Радовиш кој е единствен клуб од Радовиш кој е член на кик бокс маи таи федерацијата на Македонија.