Непознат маж попладнево се разнесе со бомба во центарот нa Bелград. Настанот се случил во слаткарницата на бившиот министер за култура и советник на премиерот за култура, Братислав Петковиќ. Локалот се наоѓа на аголот од улиците Илија Гарашанин и Таковска.
Како што сооопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, мажот влегол во слткарницата и ја активирал рачната бомба во 12.38 часот.
На лице место се брза помош и полиција и нема други повредени. Според информации од телевизијата РТС, мажот влегол во локалот, ја покажал бомбата, ги избркал сите надвор па ја активирал. Неофицијално, човекот легнал врз експлозивната направа, што е најверојатно причина што не се искршени ниту стаклата на слаткарницата.
Во близина на оваа слаткарница има банка, две пекари, месарница и пазар, а во непосредното опкружување живее и бившиот министер петковиќ, сопственик на слаткарницата.
извор: b92.net