Локалниот совет за женско претприемништво на општина Струмица по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, организираше средба со ученичките од СОУ „Јане Сандански”.
Координаторката за еднакви можности на општина Струмица Нела Масалковска ја презентираше улогата на Советот, додека жените претприемачки ги споделија своите искуства, почетоци и предизвици и упатија порака дека жените треба да бидат упорни и борбени за своите достигнувања и најважно од се е да бидат економски независни.