Деновите проследени со сонце и наизменично дожд, може да и наштетат на виновата лоза. Експертите велат дека оваа болест ги напаѓа младите делови на растението, а ако веќе се појави, лекувањето оди потешко.
Затоа, Ивановски смета дека мора навреме да се преземат мерки и да се заштитат младите растенија. Периодот на инкубација на болеста може да ги збуни лозарите, а после да не можат да ја излекуваат пламеницата.
Просечната откупна цена на винското грозје во 2017 година е 13,67 денари за килограм, што претставува зголемување од 11,5 отсто во споредба со 2016 година кога била 12,27 денари за килограм.