• Fri. Nov 22nd, 2024

Лишен од слобода струмичанец за извршена кражба

ByВане Трајков

Jan 11, 2023

На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари.
По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што биле пронајдени паричните средства, кои ќе бидат вратени на сопствениците.
Ѓ.А. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *