Впечатливи сувернири и украси од разновидни матријали изработија членовите на ЦПЛИП -ПОРАКА од Струмица во изминатиов период во рамките на проектот ,, Преку креативност поблиску до социјална инклузија,, Изминативе месеци тие работеа на повеќе експонати кои сами ги осмислија и со сопствени раце го изработуваа секој детаљ за самото дело. На тој начин докажаа дека се креативни и може работно да бидат ангажирани.
Општата цел на проектот кој финансиски го подржа општина Струмица е развој на социјалното претприемништво како основа за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост. Целта на активности на проектот што го реализира Порака е развој на креативните способности и потенцијалите за себеизразување на лицата со интелектуална попреченост.
Нивните дела веќе може да се видат и купат бидејки како што велат самите членови на Порака од Струмица, само на тој начин ќе добиле сатисфакција дека нивните рачно изработени сувенири и украси навистина вредат…
Еве каде може да ги видите и набавите ракотворбите
Фејзбук (https://www.facebook.com/handmadePORAKA/)
Инстаграм (https://www.instagram.com/poraka_ukrasi/)