Градинката за дечињата сега е затворена, најубавите игри се играат во кругот на семејството. А пак, првачињата, тие горди ученичиња, сега учат од своите дневни соби, преку интерактивните училници на телевизија, или вирутелно со класот преку интернет. Образованието и едукацијата на најмалите но и на поголемите ученици е како од некоја приказна од иднината. Но, кога така налагаат условите, сите се прилагодуваме. Децата пак се дружат со другарчињата, буквите се учат, песничките се рецитираат наизуст, се прераскажуваат највозбудливите приказни. И има уште. Литературните списанија за деца наоѓаат начини пак да стигнат до своите читатели. „Росица“ списанието за деца во претшколска возраст и „Росица“ за прво одделение на децата ги вклучуваат во најразлични активности преку своите страници ан социјалните мрежи.
Од издавачката куќа „Просветно дело“ која преку редакцијата „Детска радост“ ги издаваат овие списанија велат дека на тој начин го продолжуваат долгогодишното пријателство со децата, родитеите, воспитувачите и наставниците: „Секојдневно споделуваме литературни, едукативнии интерактивни содржини на страниците на Фејзбук, Росица -списание за најмали и Росица – списание з аученици во прво одделение. Содржините освен на официјалните страници се споделуваат и во повеќе групи на едукатори и наставници“, велат од издавачката куќа.