Во духот на традицијата и празникот Тримери, Благој Ивановски од Струмица со група маскирани синоќа го посети домот на својата свршеница Лиле . Станува збор за обичај за кој се врзува струмичкиот карневал а кој се поретко се практикува од страна на семејствата на штотуку свршените или армасаните девојки. Весело беше во домот на Лиле која широки ги отвори портите на карневалџиите мегу кои и нејзиниот сакан
Лиле како штотуку армасана девојка, синоќа имаше за цел да го препознае својот свршеник кој беше под маска. Обичај кој беше актуелен своевремено кога карневалот се одржуваше во вторник навечер . Лиле вели дека го препознала својот армасник по одот иако тој го посети домот со уште други дваесетина момчиња под маски.
За Тримери се служи посна храна . Се посетува домот на армасаната на која и се носаат подароци и се пеат еротски песни со цел таа да биде подготвена за брачниот живот