На иницијатива на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во недела – 20 октомври 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.
На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.