• Fri. Nov 22nd, 2024

ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ОДОБРИЈА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА

ByВане Трајков

Mar 27, 2020

Европските шефови на држави и влади, вечерва на редовниот пролетен самит на Европската Унија одобрија отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, според заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на 24 март.

„Ги прифаќаме заклучоците на Советот од 25 март 2020 за проширувањето и процесот на асоцијација и стабилизација“, се вели во соопштението од денешниот самит на лидерите на ЕУ.

Лидерите имаа состанок преку видеоконференција, а главна точка на дневниот ред беше кризата со коронавирусот, неговите здравствени и економски последици и начинот на ЕУ планира да се справи со нив. Лидерите ветија дека ќе се обединат и ќе им дадат приоритет на напорите за решавање на здравствените, социјалните и економските последици на пандемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *