Новите цени на лебот се повисоки за 8 до 10 отсто. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија, пренесува Тв Сител.
-Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули, како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија – вели Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија.
Промена забележале и граѓаните. Велат дека од пред два дена, речиси сите видови леб имаат зголемени цени.
Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите.
Токму затоа мелничарите и пекарите побарале државна помош.