Лажела дека била силувана, а ќотекот го добила од сопругот кога дознал дека го изневерила – Велешанка за лажно пријавување кривично дело ќе плати само 2.500 денари
Велешанката која лани во септември ја вознемири јавноста откако пријави дека силувана, всушност, имала доброволен секс со пријавениот, а модринките и биле од нејзиниот сопруг кој ја истепал кога дознал дека го изневерила.
Основниот суд во Велес и и изрече условна затворска казна од три месеци за лажно пријавување кривично дело на велешанката. Случајот лани ги запали социјалните мрежи и го разгоре говорот на омраза затоа што таа обвини дека на двапати во иста вечер била силувана од непознато лице, еднаш во хотел близу Велес, вториот пат во близина на реката Бабуна.
На 28 септември 2020 година во СВР Велес осудената пријавила дека била силувана и потпишала записник иако знаела дека тоа не било вистина.
„На ден 20.09.2020 година заедно со нејзината пријателка Џ.О.од Велес отишла во Хотел Гарденија во Велес, каде претходно биле договорени да се најдат со момчето на нејзината пријателка и со НН лице, па откако пристигнале во хотелот, оштетената се сликала со НН лицето по што Џ. заедно со своето момче заминале во една од собите додека оштетената заедно со НН лицето кое се претставило како С. од с.П. З
аминале во една од собите во хотелот и откако влегле во собата во која мислела дека само ќе пијат кафе, лицето С. ја натерал да се соблече со цел да имаат сексуални односи на што истата се спротивставила поради што Седат со употреба на физичка сила со неколку удари со раце во пределот на бубрезите и сериозна закана ја натерал да се соблече, извршил обљуба врз неа по што со ПМВ комбе НН марка пријавениот ја однел на НН локација во близина на реката Бабуна каде повторно ја присилил на обљуба и и’ нанел видливи телесни повреди оток-црвенило на десната слепоочница и хематоми по телото, а потоа со возилото ја оставил во близина на автобуската станица во В.
Заканувајќи и’ се дека доколку биде пријавен во полициска станица ќе има последици по нејзиното семејство, по што заминал во НН правец.
Иако знаела дека настанот како што го опишала воопшто не се случил критичниот ден, туку дека таа доброволно остварила средба со лицето С. во Хотелот Гарденија во В. каде во една од собите доброволно имала сексуален однос со С. и дека откако за истото дознал нејзиниот сопруг физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди“, стои во судската пресуда на Основниот суд во Велес.