• Fri. Nov 22nd, 2024

КУП титулата во рацете на одбојкарите на Струмица – најавија и ШАМПИОНСКА

Одбојкарите на Струмица лесно и за околу еден час ја освоија КУП титулата. Во големото финале од завршницата на ова натпреварување со 3:0 во сетови го надиграа Лешок од тетовско. Четата на Кирил Ричлиев докажа дека се апсолутни фаворити. Во сите три сета демонстрираа одбојка која за гостинската екипа Лешок беше недостижна.

Во ниту еден момент не беше загрозена победата на струмичани кои најавија и освојување на шампионската титула. Разврската кој ќе биде одбојкарски шампион почнува идната недела против Пробиштип

Пред машкото финале се одригра женското КУП финале каде СВСК од Куманово славеше против Јанта

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *