Во финалето на 31-от Куп на Македонија во одбојка, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, во недела со почеток од 15:00 часот ќе се натпреваруваат Струмица и Штип УГД.
Струмица успеа да победи Лирија со 3:0 во полуфиналето, додека Штип УГД го победи Работнички исто така со 3:0.
Во полуфиналето за жени, Работнички Скопје ќе играат против Струмица, додека Наковски волеј ќе се соочи со Јанта волеј. Финалето е закажано за недела.