• Sun. Nov 24th, 2024

Кривичниот суд го одби барањето за екстрадиција на Морина

Кривичниот суд го одби барањето за екстрадиција нa Томо Морина во Србија. Од таму велат дека не се исполнети условите за негова екстрадиција.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето во Р. Србија како баратели на екстрадицијата“, соопштија од Судот.

Решението ќе биде доставено до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

Од Судот соопштија дека Морина останува во притвор.

Морина беше приведен пред две недели на граничниот премин „Блаце“ по потерница издадена од Интерпол на барање на Србија. Тој е поранешен член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а Србија го сомничи за воени злосторства против човештвото извршени во Косово.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *