СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Д. (25) од село Банско, струмичко и А.Ш. (21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено, на 17 јуни годинава на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучка за село Тополница, полициски службеници при преглед на паркирано патничко возило „Форд транзит“ пронашле 20 лица – мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „Фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице – мигрант (16 од Бангладеш и 5 од Пакистан).
По преземени мерки било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.