• Sat. Nov 23rd, 2024

Кривична за струмичанец кој сексуално се самозадоволувал на трим патеката

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.Џ (28) од Струмица, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, стои во писмената информација од СВР Струмица.

На 03.02.2018 година околу 10.00 часот, додека пријавителката  заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале. После тоа, го пријавиле настанот во СВР Струмица.

Веднаш по пријавување на настанот од страна на СВР Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на пријавениот. Тој бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *