• Mon. Nov 25th, 2024

Кривична за градоначалникот на Ново село оти тројца општинари превезувале плакати во службено возило

ByВане Трајков

Sep 26, 2017

Градоначалникот на Ново село заработи кривична пријава од МВР под сомневање дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на службената положба,, додека тројца вработени од општината се лишени од слобода  оти со службено возило разнесувале изборен пропаганден матријал информираше МВР. Според полицијата градоначалникот дозволил на вработените од општината да управуваат со службеното возило голф без патен налог и во него да превезуваат плакати кои биле натоварени од печатница од Кочани за тројца кандидати за градоначалник на една политичка партија

Градоначалникот на Ново село Блажо Велков ни изјави дека бил затекнат како од ситуацијата така и од кривичната. Вели дека вработените од општината на своја рака го зеле службеното возило за што ниту бил информиран ниту пак дал наредба. Најави дека ке превземи мерки за санцкии против вработените додека кривичната  ја нарече хајка од политичкиот опоненет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *