Службата за трансфузиона медицина од Струмица во соработка со општинската организација на Црвен крст, Струмица организира уште една крводарителска акција. Сите оние кои сакаат да даруваат крв и да помогнат да се спаси нечиј живот, можат да се јават во Службата за трансфузиона медицина, на 21 март во среда. Акцијата ќе започне во 08:30, а ќе трае до 14:00 часот.