Резервираност кај Беласица и Академија Пандев пред утрешниот меч околу можниот победник на првото градско дерби на двата струмички прволигаши. Како што потенцираа од двата клуба ќе одлучуваaт нијанси и моменталната желба кај фудбалерите за триумф.
Пандевци велат дека Беласица има блага фаворитска улога со оглед на искусните поединци и домашниот терен. Синобелите пак велат дека нема да биде лесно оти треба да се надмине психолошката криза од првото коло
Искусните Балдовалиев и Стојков очекуваат утре полн стадион. Влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба. Нагласија дека дуелот ќе биде емотивен за многу од играчите но отворено најавија дека ќе одат на победи оти нема што да се загуби со оглед дека е старт на првенството
Беласица и Академија Пандев со сениорските тимови последн пат играа пред две сезони кога беа второлигаши. На Младост под рефлектори немаше голови а на стадионот Турново славеа пандевци. Но сега е многу поразлично . Двата тима се прволигаши и целта им е победа и докажување пред градскиот ривал
,, Со оглед дека е старт на првенството не може да се каже ништо однапред. Екипите сеуште ја немаат вистинската форма ниту пак имаат ,,багаж,, со резултати нешто да се каже за нив а камоли кој ќе слави. Фактот што станува збор за дуел мегу два струмички прволигаши еден со реноме друг со мала историја, дава посебен повод струмичани да бидат на Младост и да очекуваат голови,, коментираа фудбалските работници
Утре на стадионот Младост се очекува да бидат присутни во голем број и членовите на навивачката група Ајдуци кои на дербито ќе му дадат вистинска фудбалска атмосфера
Дуелот Беласица – Академија Пандев почнува во 17 часот….