Со грант којшто го добивме од Детската фондација Песталоци, дваесеттина деца со надмината возраст ги вклучивме во редовниот воспитно-образовен процес, а коишто пред тоа беа надвор од училиштата. Поддршката за овие деца ја продолжуваме и понатаму.Со посебно задоволство денеска присуствував на завршниот настан во соработка со Домот за деца и млади и Библиотеката, а на кој децата цртаа на тема „Јас имам сон“ Мојот сон е здрави деца, образовани деца, сигурна иднина на Струмица.