Првиот човек на Општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов преку видео обраќање до граѓаните најави дека утре ќе биде асфалтирана делницата Струмица – Дабиља. Тој на социјалните мрежи напиша:
„Утре ја асфалтираме делницата Струмица – Дабиља, благодарение на донаторските дружби организирани од мојата сестра, обезбедена е вредноста за донација.
Ако чекавме да завршуваме со сите процеси ќе ни требаше можеби период од 200 дена додека да завршиме со сите процедури.“