Градоначалникот Костадин Костадинов строго го осуди вандалскиот чин, сквернавењето на споменикот на Гоце Делчев, тој на своите социјални мрежи напиша:
„Да се биде Македонец е чест, привилегија и одговорност!Да се почитува Најголемиот наш Гоце е морална обврска врзана за нашето постоење.
Со него сме се, без него ништо!
Да се сквернави споменикот негов е благо кажано идиотизам.
Најостро го осудувам ваквиот вандалски, грозен чин.
Во контакт сме со СВР Струмица и очекуваме сторителите дека ќе бидат најдени.
Екипите на Комуналец ќе го исчистат споменикот.
Прости им Гоце, не се сите граѓани како овие…“