• Sat. Nov 23rd, 2024

Костадинов: „Ставаме крај на огромните камати“ – усвоени законските измени каматата да не биде поголема од долгот

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Градоначалникот Костадинов информираше дека пратениците од параламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвоија законските измени: каматата да не биде поголема од долгот.

  • „Постојат работи во кои треба да ги кршиме идеолошките копја, да дебатираме, да имаме реални несогласувања. Но нема аргумент со кој ќе ме убедат претставниците народни од ВМРО ДПМНЕ во парламентот од Струмица, за да ме убедат дека каматите кои граѓаните ги плаќаат пред извршителите на пример, за 500 денари долг извршување може да има на вкупна сума од 6.000 денари, треба да продолжат“, истакнува градоначалникот Костадинов.

Според него ова за мнозинство граѓани е разочарувачки и навистина жално. Затоа им честиташе за мудрите одлуки на пратениците од мнозинството за донесените законски измени во интерес на граѓанките и граѓаните.

  • „Ставаме крај на огромните камати, пратениците од параламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законски измени: каматата да не биде поголема од долгот.
    Конечно се прекинува праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле.

Градоначалникот информираше дека со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.

By Ѓ. K.