• Tue. Nov 26th, 2024

Костадинов со одговор на реакцијата од ВМРО ДПМНЕ: Моја Струмицо, не дозволувај да бидеш изманипулирана

ByЃ. K.

Nov 7, 2023

Градоначалникот Костадин Костадинов одговори на реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Текстот го пренесуваме интегрално:

„Моја Струмицо не дозволувај да бидеш излажана изманипулирана заради транзициски профитери кои еднаш биле поддржувачи на една партија сега се во друга!

Наводното противење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е заради интереси на граѓаните, замислете единствена опозиција во светот која се против дуплирање на зелени површини за 100%

Оваа војна против мене и мојот тим е лична за лично транзициско профитерски интереси!

Наведуваат лаги дека Струмица нема тешка индустрија…

Лажат и тоа многу.

Ова почитувани граѓани е правилникот за урбанистичко планирање во кое јасно е наведено која култура, која намена е тешка индустрија.

G1.4 e тешка индустрија за производство на неметали!

Колку компании познавате кои во името на фирмата стои терминологија од правилник за урбанистичко планирање “Неметали”

Познавате една 😀

Моја Струмицо со вас сум во борбата против неотворени рудници, кои не се на територија на Струмица и успеавме!

Овој нов фронт е против убиец кој веќе убива и тоа во срцето на Струмица!

Ви ветувам, победуваме и овде!

За чиста и зелена Струмица!“

By Ѓ. K.