Градоначалникот Костадин Костадинов за Светскиот ден на планетата земја
22 Април, на глобално ниво, веќе повеќе од половина век, или поточно по 55 пат, се одбележува како Светски ден на планетата Земја. Основна цел на овој ден е подигање на свеста кај целокупната светска популација за заштита на животната средина и зачувување на планетата.
Оваа година, борбата против пластиката е главна тема на Светскиот ден на планетата Земја кој се одбележува под мотото „Планетата против пластиката“.
Грижата за планетата на која живееме е грижа за нас, за нашите семејства, за граѓаните од нашата општина и татковина, но и грижа за сето човештво. Да и кажеме „збогум“ на пластиката. Да ги чуваме од загадување водата, воздухот и почвата, за наше добро и за доброто на нашите идни поколенија.
Секој ден нека ни биде Ден на планетата Земја.