Куклиш е едно од населените места со најактивно културно уметничко друштво „Браќа Минкови“ кое пред 2 години прослави 50 години од постоењето и село кое продуцира познати имиња со кои сите се гордееме, а меѓу нив е и познатиот македонски актер Борче Начев, којшто својата кариера ја започнал во Домот на културата во Куклиш.
Едно од најголемите барања на жителите од Куклиш беше обнова на опожарениот Дом на културата во 2013 година.
„Им дадов збор за нов Дом и денес тој е во втора фаза на реализација, од како првата фаза заврши со карабина во вредност од 9 милиони денари, и во неа се работи на поставување на кровот, на електричната и водоводната инсталација и преградување на ѕидовите. Куклиш добива современ и достоинствен Дом за сите генерации“, порача градоначалникот Костадинов.