• Sun. Nov 24th, 2024

Корисниците на „Телеком“ останаа без мрежа: Градежни работи оштетиле кабли на различни локации

ByЃ. K.

Aug 17, 2023

Kорисниците на услугите на мобилниот оператор „Телеком“ утрово се пожалија дека имаат проблеми со прекин на телефонската мрежа, фиксна и мобилна, како и со прекин на интернетот.

Од „Телеком“ на Фејсбук објавија дека се соочуваат со технички пречки поради оштетени кабли на различни локации.

„Во моментов се соочуваме со технички пречки поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите“,соопштија од мобилниот оператор.

By Ѓ. K.