Средношколците можат да бидат креативни и медиумски активни. Конкурсот што го распиша Институтот за комуникациски студии бара тимови од средношколци и професиори координатори кои заедно со медиум ќе изработат медиумски производ кој обработува тема односно проблем што е важен за младите во заедницата во којашто живеат. Идеите може да се испраќаат до 16 февруари.
Планирано е да се изработат шест видеа од шест тимови од цела држава. Со тоа ИКС заедно со Делегацијата на ЕУ во земјава ја обележуваат Европската недела на медиумска писменост.