Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури.
Почитувајќи ги препораките ЈПКД „Комуналец“ во наредниве две недели започнува со ноќно собирање на сметот од домаќинствата. Воедно со цистерна ќе се врши ноќно перење на улиците со техничка вода за намалување на температурата на асфалтот и ќе се подобри хигиената по улиците.
Воедно поради зголемена потрошувачка „Комуналец“ апелира до сите граѓани да се воздржат од непотребно трошење вода за полевање на дворовите и улиците со што би се избегнале несакани рестрикции.