ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Општината започна со садење на дрворед покрај каналот во Градско Балдовци.
Дрворедот е во должина од 600 метри и се засадени шеесетина јаворови дрвја.
„Да се однесуваме одговорно и да не ги уништуваме новите садници кои за неколку години секако значително ќе го подобрат изгледот и ќе овозможат почист воздух во овој дел од населеното место“, порачуваат од Комуналец.