ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија почнува со акцијата за примарна селекција преку собирање на сув неопсасен отпад одвоен од органскиот комунален отпад од домаќинствата. Од „Комуналец“- Гевгелија велат дека на корисниците ќе им бидат поделени специјални кеси од 120 литри кои ќе се дистрибуираат во реоните каде се поделени пластични канти за комунален отпад. Во пробниот период граѓаните во специјалните кеси ќе сортираат отпадоци од: пластчен ПВЦ И ПП (пластични шишиња, обвивки, кеси), стаклена амбалажа (шишиња, чаши), хартија и картон и алуминиумска амбалажа (лименки и сл.).
Јавното претпријатие ќе го подига овој сув отпад во различен период од редовниот термин за подигање на комуналниот отпад, а бенефитот ќе биде сестран сo тoа што ќе се намали количината на депониран комунален и неселектиран отпад. Со самото тоа, ќе се намалаѕ и трошоците на „Комуналец“ со нови индикатори за пресметување на цените на комуналните услуги. Во тек е и анимирањето на малите правни субјекти за можноста на примарна селекција за сув отпад, а во акцијата можат да се вклучат и другите корисници кои не се опфатени во горенаведените реони.