Стопанствениците иако со доза на страв од неизвесноста, полека закрепнуваат од последиците кои ги донесе пандемијата.Увозно извозните компании беа и сеуште се најпогодени, но брзите реакции на надлежните придонесоа дел од бизнисите кои беа ранети полека да застанат на нозе.
Ќе има ли нов бран на корона вирусотѕ и кои проблеми ќе се создадат засега никој незнае. Но оптимистичките изјави на стопанствениците се дека веќе ја научиле лекцијата од пред неколку месеци, кога буквално сите стравуваа за своите бизниси.
Организацијата за економска соработка и развој , предвидубва пад на светската економија за 6 отсто , но предупредува дека на втор бран на пандемијата со Ковид 19 , падот би можело да изнесува дури 7,6 отсто.Најголем обем на трговска размена Македонија остварува со најпогодените држави од коронавирусот. Германија, Велика Британија и Кина се први на листата.