• Sat. Nov 23rd, 2024

Колку мерката за забрана на пластични кеси ги оправдува очекувањата?

By

Jan 10, 2022

Еден месец откако стапи на сила законот за употреба на пластини кеси, од државниот пазарен инспекторат велат дека контролите на терен покажуваат намалена употреба на пластичните кеси. До сега инспекторатот не изрекол ниту една казна на трговец за непочитување на законот.

Од инспекторатот велат дека сеуште има недоумици со дел од трговците, но се во постојана комунијкација со стопанските комори за да ги надминат недоразбирањата. Објаснуваат дека пластичните кеси без разлика дали се со рачки или без рачки, треба да се наплатуваат. Лесните пластични кеси со дебелина под 15 микрони се кеси за т.н. хигиенски цели и се даваат како примарно пакување за храна,мора да бидат од биоразградлив матријал и може да се користат и во трговијата на мало или на пазарите. Од инспекторатот појаснуваат дека ако кесите имаат рачки тогаш ќе се користат помасовно, а тие пак што немаат рачки се користат само за пакување на производите кои пак понатаму треба да се стават во друга кеса или торба, односно кесите без рачки немаат голема носивост, ограничено им е кориостењето и полесни се за рециклирање. Исто така и пакувањата за храна мора да исполнуваат еколошки стандарди.

Граѓаните на пазар најчесто од дома си носат кеси, нивна оценка е дека забраната нема да ја постигне целта, ако не се подигне јавната свест. Единствен начин за успешна борба против загадувањето со пластика е да се намали употребата на кесите или и тие да се забранат.

Од Иницијативата за забрана на пластични кеси велат дека забраната е нецелосна а ефектот, e половичен. Тие посочуваат дека тоа што пластичните кеси, се враќаат „на голема врата“ и во незанемарливи количини е закана за животната средина и претставува нелогично и грубо кршење на законот.

извор:https://kanal5.com.mk/kolku-merkata-za-zabrana-na-plastichni-kesi-gi-opravduva-ochekuvanjata/a511122

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *