,,Вечниот Бог,, ја испеаа децата од струмичката епархија навестувајќи го Христовото Рождество.Денеска ја отпеаа во општинската зграда , каде ги пречека првиот човек на општината, Градоначалникот Коста Јаневски.Им се заблагодари што се вклучиле во традицијата на христијанството , но и како што редот им подели коледарски пакети.
Отец Јаков со благослов од владиката Наум, вели дека од оваа година и дечињата од струмичката епархија се вклучуваат кон манифестацијата на МПЦ ,,Бадникови Поворки,,но нема да ја изостават и понатамошната промоција на вистинските вредности на христијанството.
Утре во 11 часот со утринска молитва во храмот Св.Кирил и Методија , дечиња од Струмица ќе ја предводат бадниковата поворка , која од овој божји дом ќе заврши во Храмот С.15 Тивериополски Свештеномаченици.